ЗА НАС
ПОЧИТУВАНИ,
Имаме чест да Ви се обратиме со биографијата на нашето КНИГОВОДСТВЕНО БИРО.
Основани сме во 1989 година како Биро за сметководствени услуги со тројца вработени со претходно десетгодишно искуство во Општествениот сектор како една од првите такви основани фирми во нашата земја. Работното искуство, професионалноста и нашата посветеност беше пресудно за воспоставување на одлична соработка со нашите коминтенти со кои соработуваме од основањето до денес.
Соработуваме со повеке од 80 коминтенти од нашата земја и повеке странски претставништва, амбасади и компании со тенденција за постојано зголемување на бројот на коминтентите и проширување на услугите.
Денес во нашето Книговодствено Биро има 5 вработени:
Господин Мартин Џони е сопственик и управител на друштвото. Тој ја има основано команијата употребувајки го неговото образовение и професионалното искуство во сметководството. Како менаџер тој е одговорен и умешен да ги координира вработените во извршувањето на секојдневните работи. Исто така тој е одговорен за афирмирањето, воспоставување и одржувањето на контактите со клиентите и јавните институции.
Госпоѓа Винера Стојановска е дипломиран економист со работно искуство од 11 години во областа на сметководството, во својство на шеф и координатор на тимот. Таа е е одговорна и способна да одговори на секое прашање од областа на сметководството и финансиите. Врши изработка на сите пресметки и извештаи што се потрбни за доставување до Министерството за Економија, Управата за јавни приходи, до фондовите за пензиско и и инвалидско осигурување и здравствено осигурување. Во нашето друштво таа е вработена од самото основање.
Госпаѓа Марија Поповска е вработена од 1999 година. Таа врши прием на документацијата и е одговорна за контакт со нашите коминтенти. Извршува пресметка на плата и придонеси од плати, изработка на пресметки и извештаи што се потребни за доставување до Министерството за Економија, Управата за јавни приходи и фондовите за пензиско и инвалидско осигурување и здравствено осигурување како и водење на материјално и финансово книговодство.
Госпоѓица Елена Јовановска е вработена од 2004 година како асистент за прием на документација и е одговорна за контакт со нашите коминтенти. Таа е специјализирана да извршува пресметка на плати и придонеси од плати; пријавување и одјавување на вработени притоа остварувајки одлична комуникација со релевантните фондови за пензиско и здравствено осигурување како и Агенцијата за вработување.
Госпаѓа Весна Џони работи како асистент и одговорна за прием на документација и одговорна за контакт со нашите коминтенти. Таа исто така е посготвена да изврши пресметка на плати и придонеси од плати; ги врши сите банкарски услуги на нашите коминтенти; пријавување и одјавување на вработени.
Сите наши вработени се препознаваат прво по нивната професионалност и познавање на работата од областа на сметководството, но и по нивната љубезност и непосредност во контакт со сите коминтенти. Нашата стучност ја надополнуваме со постојана посета на семинари и предавања во познати консалтинг фирми од земјата каде сите вработени ги надополнуваат знаењата со новитетите и промените на законската регулатива. Сите наши вработени покрај сметководствениот програм успешно ги владеат и Microsoft Office – Word, Excel I Internet. Наше залагање за во иднина да продолжиме со успешна соработка со постојаните коминтенти, но и да се прдружат нови кои многу брзо ке се уверат ва нашиот професионален пристап.
|