ДОМА

Нашата работа се состои во професионална изработка на годишни сметки, истите ускладени со домашните и меѓународните сметководствени стандарди. Нашиот професионален тим изработува пресметки од сите области на економското работење; фискалниот систем; данокот на додадена вредност; персоналниот данок на доход; данокот на добивка и данокот на имот. Изработените финансиски извештаи даваат целосна информација и ја прикажуваат целосната финансиска состојба на компаниите корисни за донесување економски и стратешки одлуки. Нашето работење ја опфаќа и можноста за советување во врска со потребните извештаи, упатства, писмени и усмени одговори на сите ваши прашања поставени преку телефон, факс или e-mail.


Наши коминтенти се поголеми Трговски Друштва од земјата како и Дипломатски претставништва и амбасади. Меѓу поголемите коминтенти се: ЕФТ Македонија, Камекс, Мак Био Биз, ЕТАПА ДОО, Италијан Мејд, Брудер Хенн Комерц, Д-Елин-Д, Бел Мак инвест, Фин Инженеринг,Зец Електроникс, Интегрирани Системи за Квалитет, ГПМ Консалтинг, Фарма Холидеј, Орбис, Балто, Термосистем, Дампекс, Сити Маркрт, Са-Ма Ех-Принт, Фајн Дизајн и многу други.




Од странските претставништва, амбасади и компании соработуваме со Делегацијата на Европската Комисија, Европската агенција за реконструкција, Канцеларијата на специјалниот претставник на ЕУ во Скопје, Австриската амбасада, Проект за модернизација на царинска управа КАФАО - Мак, и други. Притоа мораме да напоменеме дека остваруваме успешна соработка со Управата за јавни приходи, фондовите за пензиско и здравствено осигурување како и со сите други релевантни институции.